Конор Мек Грегор: Илија Топурија не може да наполни стадион

Неодамна стана познато дека УФЦ не може да го реализира планот да дебитира во Шпанија.

Минатата година Илја Топурија не престана да зборува дека сака да биде главен гала настан на УФЦ на стадионот на Реал Мадрид. Дана Вајт вети дека ќе организира ваков настан, но сега работите не одат според планот. Менаџерот на Топурија Лукаш Орзел откри дека УФЦ не сака да организира гала вечер на стадион во Шпанија.

Дана Вајт и неговите луѓе сакаат затворена арена, но во Мадрид се беше резервирано однапред. Барселона не сака да соработува со УФЦ бидејќи Топурија отворено навива за Реал Мадрид. И додека Илија верува дека може да наполни цел стадион, Конор Мек Грегор не верува во тоа.

„Илија Топурија не може да наполни стадион. Нема шанси“, напиша Мек Грегор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Pros Pick (@mma.pros.pick)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО