Конор Мек Грегор и Логан Пол ќе си поделат 500 милиони долари

Поранешниот шампион на УФЦ во две тежински категории, Ирецот Конор Мек Грегор и американскиот блогер, актер, боксер и борач од Ворлд врестлинг ентертејмнт (ВВЕ) Логан Пол во 2025 година ќе одржат егзибициска борба според правилата на боксот во Мумбаи, Индија.

Ова на социјалните мрежи го објави новинарот Глен Емет. Според изворот, и двајцата борци ќе добијат по 250 милиони долари за борбата. Настанот ќе го организира индиското кралско семејство Амбани, кое овој настан го гледа како значаен момент за индискиот спорт и туризам.

Треба да се истакне дека оваа информација индиректно ја потврди и самиот Мек Грегор, повикувајќи се на објавата на Емет, користејќи емотикони во форма на срце и индиско знаме. На Пол му се допадна и објавата во која се промовира боксерското шоу.

Потсетуваме, 36-годишниот Мек Грегор на крајот на јуни требаше да се бори со Американецот Мајкл Чендлер на турнирот УФЦ 303, но борбата беше откажана поради повреда на палецот што ја доби Ирецот.

Конор не се борел од летото 2021 година, кога загуби од Дастин Пориер,кога ја скрши ногата. За време на неговата кариера во ВВЕ 29-годишниот Логан Пол стана шампион на САД. Последната борба ја имаше на Самер слем каде ја загуби титулата од ЛА Најт.

Заедничко за Логан Пол и Мек Грегор е тоа што и двајцата се бореа со Флојд Мејведер. Мек Грегор загуби од него со нокаут, а Пол помина 8 рунди во егзебициски меч. Не беше објавен резултат бидејќи борбата беше од демонстративен каракатер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Pros Pick (@mma.pros.pick)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО