Конор Мек Грегор многу брзо одбра ново име за своето виски откако му беше забрането „Ноториус (Озлогласениот)“. Денес официјално е пуштен во продажба под ново име.
Конор својот пијалок го претстави на Инстаграм, каде што открива како неговиот дедо го инспирирал на таа работа и дека е уверен оти многу бргу ќе се вклучи во борбата со најпознатите брендови на тој пијалок, првенствено со ирскиот Џејмсон, кој во моментов го држи поголемиот дел од пазарот во неговата татковина.
Откако на ММА ѕвездата и беше забрането името на „Notorious Whisky“, тој многу брзо најде ново, а тоа „Proper Twelve“ (Правилно дванаесет). Објасни дека името настанало од тоа што го создал вистински Ирец роден и израснат во кавртот со име Даблин 12.
Како го претстави својот пијалок и како изгледа шишето, погледнете во Инстаграм објавата под текстот.
https://instagram.com/p/Bn1d_qIAvHC/?utm_source=ig_embed
.