Конор Мек Грегор ги воодушеви обожавателите со својот изглед, а на Оливеира му порача: Врати се во фавелата

На настанот УФЦ 274 Чарлс Оливеира со убедлива победа против Џастин Гејџи потврди дека е најдобриот борец во лесна категорија.

Но, До Бронкс на тој меч не го одбрани шампионскиот појас, бидејќи промоцијата му ја одзеде титулата ден претходно.

Имено, со околу двеста грама беше потежок од дозволената граница. Тоа беше негова 33-та победа во кариерата и 11-та во низа. Со овој триумф го зацврсти местото на врвот на дивизијата.

„Еј, имам порака за целата категорија“, рече Чарлс Оливеира и продолжи:

„Јас сум проблем за сите вас. Погледнете го тој тим и погледнете ме мене. јас сум просветлен. И тоа е мојот појас. Тој треба да биде тука“.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, рече дека Оливеира веднаш ќе добие шанса да го врати шампионскиот појас, а Бразилецот на патот ги повика Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз.

„Сакам две борби во една ноќ. Прво ќе го нокаутирам Мек Грегор, а потоа ќе го принудам Дијаз да се предаде“, напиша Чарлс Оливеира во пораката на Твитер.

Славниот Ирец му одговори на бразилскиот борец.

„Ќути, копиле. Врати се во фавелата и исплати го долгот“, напиша Конор Мек Грегор и го потсети дека дел од заработката требало да му се даде на Џастин Гејџи бидејќи не го поминал мерењето.

А големата УФЦ ѕвезда продолжува редовно да објавува фотографии од подготовките.

Конор тренира напорно и можеме да се надеваме дека ќе се врати во акција за неколку месеци.

Според некои најави, тоа би можело да се случи на крајот на летото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON