Конор Мек Грегор е заинтересиран да го купи Ливерпул

Конор Мек Грегор изјави дека побарал информации во врска со купувањето на Ливерпул.

Неодамна се појавија вести дека ФСГ сака да го продаде фудбалскиот клуб Ливерпул, со целосна презентација за продажба подготвена за заинтересираните страни.

Тоа е интересна ситуација за навивачите на Ливерпул бидејќи многумина бараа ФСГ да го продаде клубот, но доведувањето на вистинските сопственици ќе биде доста важно.

Борецот на УФЦ Мек Грегор потврди дека е заинтересиран да го купи фудбалскиот клуб.

Сепак, веројатноста дека Мек Грегор навистина може да си го дозволи Ливерпул и да инвестира во иднината на тимот се чини мала, а проблем би бил и неговото немање искуство во фудбалската индустрија.

Навивачите на Ливерпул ќе се надеваат дека ФСГ ќе го продаде на компетентен купувач кој ќе ги заштити интересите на клубот, бидејќи тоа несомнено ќе биде поважно за навивачите од непристојните суми на пари што ќе се фрлаат наоколу.

Мек Грегор изгледа како тип на лик кој смислува многу луди, нереални идеи, а има големи шанси ова да е една од нив. Посебно што е навивач на Манчестер Јунајтед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON