Конор Мек Грегор е најтестиран во новата антидопинг програма

Ажурирани се податоците за најчесто тестирани УФЦ борци на забранети супстанци.

Конор Мек Грегор, ѕвездата на организацијата, дефинитивно е лидер во тестирањето. Од оваа година се смени организацијата која ги тестира борците на американскиот хегемон за забранети материи во организмот. До крајот на 2023 година беше УСАДА, но од 1 јануари 2024 година имаше промени.

Тестовите за допинг моментално ги врши ДФСИ (DFSI). Базата на податоци со бројот на извршени тестови на спортистите на организацијата е ажурирана на веб-страницата на UFC Anti-Doping Program. Конор Мек Грегор е најпроверуван.

Поранешниот двократен шампион на УФЦ годинава веќе беше тестиран 5 пати. Популарниот „Озлогласен“ дефинитивно ги декласираше останатите борци во лигата. 26 други борци на УФЦ беа тестирани двапати. Еден примерок е земен од 427 борци.

Мек Грегор (ММА 22-6) загуби 3 од последните 4 борби. Во 2021 година, тој имаше две борби со Дастин Пориер, кои ги загуби со ТКО. „Озлогласениот“ ја скрши ногата во третата борба со Американецот што се одржа во јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON