Суперѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор, е прогласен за најпозната личност во историјата на Ирска, според Медиа мапс.
„Озлогласениот“ првпат се прослави пред една деценија кога стана двократен шампион на Кејџ вориорс. Мек Грегор потпиша со УФЦ, каде четири години подоцна го повтори подвигот и влезе во историјата. Тој стана првиот борец кој освоил две УФЦ титули истовремено.
Мек Грегор неодамна наиде на светска мапа на која се наведени најпознатите личности во секоја од европските земји. Тој беше воодушевен кога виде дека е наведен како најпозната личност во Ирска.
„Убаво! Навистина убаво!“, напиша Мек Грегор откако дозна за ова достигнување.
Мек Грегор ги победи познатите личности како боксерката Кети Тејлор, фронтменот на У2 Боно, писателите Џејмс Џојс и Оскар Вајлд. Се очекува Мек Грегор да се врати во октагонот во 2023 година. Големата ѕвезда ќе почне да се бори во полутешка категорија.
Таму го очекуваат имиња како: Леон Едвардс, Камару Усман, Хамзат Чимаев, Колби Ковингтон и Хорхе Масвидал. И Шавкат Рахмонов зема замав. Останува да видиме што ќе се случи со кариерата на Мек Грегор во УФЦ.