Конор Мек Грегор за прв пат сериозно зборуваше за неговото враќање во перолесна категорија и одбраната на титулата, но и за неговите амбиции во повисоките тежински категории.
Една од главните прашања што му го поставија ММА љубителите е дали Конор Мек Грегор повторно некогаш ќе се бори во перолесна категорија, во која во декември минатата година ја освои титулата со победата над Хозе Алдо. Алдо во меѓувреме се врати и го обезбеди привремениот појас и го чека реваншот со Мек Грегор. Реванш за кој Ирецот баш и не е заинтересиран.
„Сите борци се молат да не се враќам таму. Ги победив сите борци во таа категорија. Случајно да победеше Френки Едгар, по сите срања што ги кажа, ќе мораше да се спуштам надолу и да му ја затнам муцката. Сепак, поштено и исшлакан во таа борба и тој не можеше ништо против борецот кој го нокаутирав со еден удар. Јас сум шампион на таа категорија, а човек што го нокаутирав го држи привремениот појас. Што ви зборува тоа? Тоа кажува дека таму исчистив што требаше и со квалитетот и потенцијалот сум над оваа категорија“.
Се поставува прашањето е што ќе се случи потоа, односно кога конечно тој појас ќе заврши во кафезот за одбрана или примопредавање на новиот шампион.
„Јас сум светски шампион и се подразбира дека еден ден ќе го брани тој појас. Но, прво треба да се видам што ќе се случи во борбата против Дијаз“.
Се чини дека Конор е убеден во тоа дека УФЦ нема да му го земе на шампионатот појас, иако се уште не го бранел, ниту, веројатно, има намера да го направи тоа наскоро. Всушност, неговиот план од почетокот на оваа година се уште не е променет.
„Се разбира дека се уште имам план да бидам шампион во две категории. Да се повлечеше Дош Ањош како пичка пред нашата борба, оние удари со кои го погодив Нејт сигурно ќе го нокаутираа. Денес би седел со секој појас од една страна. Но, некои работи се случуваат со причина. Мојата цел и понатаму е да бидам шампион на две, а ако можам, дури и на три категории и да ги држам одеднаш сите појаси“.
А се погласно е верзијата за следната борба за шампион на лесна категорија, каде што Еди Алварез би ја бранел титулата против Мек Грегор, доколку овој го совлада Нејт Дијаз, на стадионот во Даблин.