Конор Мек Грегор може да се соочи со казна затвор до седум години за коментарите што ги даде за мигрантите во ноември 2023 година. Ова го пренесува весникот „Ајриш индепендент“.
Според изворите, директорот на ирското јавно обвинителство ги разгледува објавите на Мек Грегор на социјалната мрежа Х што ги направил ноќта пред немирите во Даблин во ноември 2023 година. Според властите, забелешките на Мек Грегор поврзани со мигрантите може да се толкуваат како поттикнување омраза и да придонесат за ширење на протестите. Протестите започнаа по нападот со нож од маж кој пристигнал во Ирска 20 години претходно, кој нападнал три деца и една жена пред католичко училиште во Даблин.
Мек Грегор (36) е првиот двократен шампион во историјата на УФЦ, со титули во перо и лесна категорија. Во ММА има 22 победи и 6 порази. Во 2024 година се очекуваше да се бори со Мајкл Чендлер на УФЦ 303, но мечот беше откажан поради повреда на палецот добиена за време на тренингот.
Мек Грегор претходно ја објави својата намера да се кандидира за претседател на Ирска во ноември 2025 година, што исто така привлече големо внимание.