Конор Мек Грегор пак си го бара со боринче! Сега жестоко ја навреди сопругата на Хабиб Нурмагомедов.
По неговата објава дека оди во пензија повторно влезе во војна со Хабиб на социјалните мрежи, но сега ја претера, Ирецот отиде предалеку и ја навреди сопругата на УФЦ шампионот.
Конор на Твитер постави фотографија од венчавката на Хабиб и неговата сопруга која според исламските обичаи е покриена со пешкир и напиша:
„Твојата жена е пешкир“.
По жестоките критики кои ги доби, Конор го избриша твитот.
Оваа реакција на Конор доаѓа веројатно како одговор на изјавата на Хабиб дека Ирецот се однесува како љубоморна жена.
„Утре ќе каже дека се враќа и сите медиуми ќе пишуваат за тоа. Тоа е она што го сака тој. Не успеа да се договори со УФЦ и сега ќе игра на своја карта. Конор се однесува како љубоморна жена која цело време зборува дека заминува, но потоа се враќа“, изјави пред некое време Нурмагомедов.
Малку му беше тоа па одлучи да го нападне неговиот братучед, се уште фалејќи се дека го натепал, па дури и дека посрал на неговата шапка.
Да потсетиме дека ирскиот борец пред борбата во октомври минатата година често го навредуваше Нурмагомедов. Се дрзна да го исмејува исламот, му нудеше алкохол на Хабиб, но наиде на осуди од јавноста.
Иако Конор објави дека е заминува во пензија, ама ретко кој верува во таа негова објава и сите очекуваат да се врати во октагонот. Можеби ваквите провокации преку социјалните мрежи можеби се најава за такво нешто.