Драмата околу евентуалното повлекување на Мек Грегор од професионалните води на ММА ја потресе светската спортска јавност и станува се позамрсена.
Од УФЦ соопштија дека Конор е отстранет од борбената карта на веројатно најголемата грандиозна вечер во историјата на компанијата, а сега се дознава дека управата на организацијата и менџаерот на борец имале дебата на тема – хонорар. Подолго време се шират гласини за заострување на односите меѓу Конор и шефовите на УФЦ. Според непотврдени информација, се доби известување за барањето на 27-годишната ММА супер ѕвезда, која е поврзана со исплатата, а сите знаеме колку во животот Мек Грегор ги цени парите.
Тој поставил услов дека сака околу 10 милиони долари за учество на УФЦ 200 во јули. Информациите доаѓа од спортската новинарка и радио водителка, Чарли Арнолт.
Source: Conor McGregor wants approx $10M for #UFC200–more than anyone else in past for single fight. #UFC said no, so he retired.
Досега ниту еденпрофесионален борец од листата на УФЦ приближно не бил до таква сума за еден ММА меч во октагонот.
Се разбира, Дана Вајт и браќата Лоренцо не се согласуваат со ставовите на Конор и му откажале на менаџерот. Според некои аналитичари, тоа е причината синоќа Ирецот да објави пост на Твитер, со кој се „закани“ со повлекување од спортот.
I have decided to retire young.
Thanks for the cheese.
Catch ya’s later.
Целата вистина засега останува тајна, но едно е сигурно. Од УФЦ активно бараат човек кој ќе го замени Конор на 9 јули и да се бори со Нејт Дијаз.
https://youtu.be/lYsmS3Ji6og