Конечно! По долги години суша македонски борач освои медал на Европските шампионати. Владимир Егоров (-57 кг) го Андреј Дуков од Романија во една возбудилива борба со 7-4 на Европското првенство во борење за сениори во слободен стил.
Егоров поведе со 2-0, и така се отиде на пауза. Во втората рунда Романецот изедначи 2-2 и веднаш и поведе со 2-4, а Егоров со исфрлање од душекот намали на 3-4. Потоа во две одделни акции борачот на штипски Балканец освои четири поени и поведе со 5-4 и со конечни 7-4.
По пауза од цели 12 години, Македонија освои медал на Европско првенство , последен пат во 2007 година се радувавме на еден континентален медал, кога Мурат Рамазанов (-60 кг) го освои бронзениот медал на ЕП во Софија, Бугарија.
Резултати
-97 кг
Могамедгаџи Нуров – Симоне Ијанатони (Италија) 11-0 (ТТ)
Могамедгаџи Нуров – Мураз Мчедлизе (Украина) 5-4
Полуфинале
Могамедгаџи Нуров – Абдулрашид Садулаев (Русија) 0-12 (ТТ)
За бронза
Могамедгаџи Нуров – Нурмагомед Гаџиев (Азербејџан)
-57 кг
Владимир Егоров – Муслим Садулаев (Русија) 2-5
Репасаж
Владимир Егоров – Леван Вртанов (Шпанија) 3-3 (туш)
За бронза
Владимир Егоров – Андреј Дуков (Романија) 7-4
-61 кг
Елмедин Сејфулаху – Бека Ломтаѕе (Грузија) 0-10 (ТТ)
Ipon.mk