„Јутјуберот“ Џејк Пол го победи Мајк Тајсон во боксерско шоу на распродадениот стадион во Арлингтон, Тексас пред 80.000 луѓе.
Изведувањето на 58-годишниот „Железен Мајк“ од пензија за лиценцирана професионална борба им се исплатеше на двајцата бидејќи заработија огромни пари. Треба да се каже дека повеќе од два милиони луѓе го следеа мечот преку Нетфликс.
Според сите пресметки, тоа ќе биде најгледаниот боксерски настан во годината, а лесно веројатно и најпрофитабилниот бидејќи приходот од продажбата на билети наводно бил 17 милиони евра, што е највисок во историјата на боречките вештини надвор од американската сојузна држава Невада.
Тајсон во текот на својата неверојатна кариера заработи околу 425 милиони евра. Борбата против Пол ќе влезе во првата петорка по заработка бидејќи за влез во рингот доби само околу 20 милиони евра. Не се доближи до рекордната заработка од 100 милиони, кои ги доби за борбата со Луис во 2002 година, но повторно не ги облече ракавиците за џабе.
Бројката од 20 милиони долари треба да се зголеми кога ќе се додаде продажбата на билети, бидејќи Пол тврди дека тоа ќе биде најголемата заработка од билети за настан во затворен простор во САД.
Пол, кој заработи најмногу во кариерата од борбите со Томи Фјури и Нејт Дијаз, тврди дека земал двојно повеќе од Тајсон, околу 40 милиони евра, со што ја поминал магичната „стотка“ во својата кратка, но многу профитабилна боксерска кариера.
⚡The boxing match ended with Paul bowing to Tyson in respect.
58 year old Tyson to receive $20 million; 27 year old Paul to earn $40 million #PaulTyson pic.twitter.com/jbaJgpWdcP
— Cyprian, Is Nyakundi (@C_NyaKundiH) November 16, 2024
Износите веројатно не се целосно точни и не се знае дали Пол зборувал само за основните хонорари или ги наведува бројките што се проектираат откако ќе се земат предвид сите приходи. Но, може да се претпостави дека се работи за бројки кои се во тие граници. Така, Пол и Тајсон направија 16 минути нешто што изгледаше како егзибиција или спаринг меч, но ќе заработат бројки што огромното мнозинство професионални боксери нема да ги заработи во целата своја боксерска кариера. Тие го оставија рингот неповредени и со полни џебови.