Колби Ковингтон е подготвен во ноември да се бори за титулата во полусредна категорија против Камару Усман, кога УФЦ се враќа во Медисон сквер гарден.
Поранешниот привремен шампион смета дека Усман може да биде лишен од титулата, бидејќи се повредува и не сака да се бори. Ковингтон тврди дека Камару ги користи триковите на поранешниот шампион Тајрон Вудли и купува време, затоа што не сака да се бори со него.
„Се разбира, Усман може да ја изгуби титулата, затоа што не ја брани. Во ноември ќе поминат 8 месеци откако ја освои титулата и не ја бранел. Колку долго сака? На Усман, едноставно, му е потребно време и се обидува да преговара, затоа што не сака да се бори.
Тој ги користи тактиките на Вудли и можам да кажам дека е втора верзија на Вудли. Ќе се борам во ноември за титулата, но не знам дали ќе е против Усман. Тој може да се збогува со појасот, за да се бори против Масвидал или Аскрен. Во ноември станувам неприкосновен шампион. И двајцата сме најдобри пријатели со Дана Вајт и сум подготвен да го разобличам во кафезот“.