Кокер: Проблемот околу Кро Кап е направен само затоа што се бори за Белатор

Откако беше објавено дека Белотор потпиша договор со Мирко Филиповиќ и објави дека ќе се сретне со Рој Нелсон се појавија прашањата во врска со не одслужената суспензија на Кро Коп.

Хрватски борец 2015 година ја призна употребата на хормони за растење во пресрет на најавената борба со Ентони Хамилтон на УФЦ и Американската анти допинг агенција (УСАДА) го суспендира на две години.

Претседателот на Белатор Скот Кокер го изнесе своето видување за ситуацијата.

„Еве  во што е работата. Мирко се бори во Јапонија за Ризин, а УСАДА има релации со УФЦ која постојано одржува настани во Јапонија. Зошто не тргнаа по него пред две години, кога почна да се бори за Ризин? Ова се поставува како прашање само затоа што се бори на Белататор 200“?

„По мене, ако сте планирале нешто да преземете, требало да го направите тоа одамна. Јас искрено, кога ја договоривме борбата, и не знаев дека постои проблем. Тој веќе се бореше, така што мислевме дека смее да се бори“.

Кро Кап е суспендиран од УСАДА, а не од Комисијата. Кокер истакнува дека тие не мора да ја почитуваат одлуката на УСАДА, а не мора да ги следат ниту спортските комисии.

„Слушнете, УСАДА работи со УФЦ. Тие си го работат своето и нека го работат. Мислам само дека тајмингот е малку проблематичен, бидејќи ако сте сакале да ја спроведете суспензија требало да ја спроведете пред две години кога Мирко се бореше во Јапонија“.

Во главната борба на Белатор 200 кој ќе се одржи на 25 мај во Лондон се среќаваат шампионот во средна категорија Рафаел Карваљо и Гегард Мусаси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON