Кокер: Дана Вајт лаже

Претседателот на Белатор, Скот Кокер, го обвини шефот на УФЦ дека лаже. Станува збор за неодамнешните забелешки на Дана Вајт во врска со борците кои го менуваат неговиот синџир со Кокер.

„Ги имаме најдобрите борци во полутешка категорија, колку тоа и да не му се допаѓа на Дана“, почна Скот и продолжи: „Фил, Мачида, Немков, Мусаси сега ќе се здебелат. Дури и не го спомнав Бадер“.

„Бадер и Фил дојдоа од УФЦ како слободни агенти. Никој не ги бркаше. Дана лаже. Беа слободни и сакаа подобри договори. Им понудивме добра зделка и тие прифатија. Зарем и Крис Киборг не не избра нас, но беше избркана? Смешно е”.

Кокер е уверен дека им нуди подобри услови на борците.

„Ова се професионални спортисти и нормално е да го погледнат финансискиот дел. Нашата организација има пари и се развива. Постојано наоѓаме нови соработки и спонзори. Фокусирани сме на целта – да го понудиме најдобриот производ “, додаде Скот Кокер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО