Едно вообичаено прашање на малите со големи резултати:„Зошто нас не ни посветувате внимание и не ни давате простор во вашите медиуми, бидејќи освојуваме медали, а, така наречените, големи спортови, може само да сонуваат медал“.
Навитсина, кои се манирите за да се биде голем!?
Не е лесно да се одговори, бидејќи има повеќе причини за тоа. Големите, пак, ќе останат големи, затоа што анимираат многу повеќе луѓе и прават нешто што другите или не знаат или не сакаат да го прават тоа за да бидат до големите.
Зошто до големите? Па тоа би требало да редоследна желба, се друго е скокање без основа. Дури по некое поминато време до големите, може да почне трката да се биде голем. Но, за тоа треба многу манири, кои овие големите знаат да ги искористат, а и да направат магија за привлекување на нови следбеници, што како спортисти, што како наивачи и публика. Ним им е битно по секоја цена да го окупираат медиумскиот простор, и поединечно и фронтално како клубови или федерации и од тоа да прават популарност и пари.
Кога на некого му давате простор, кој досега ниту сонувале дека ќе го добијат, од некој си каприц на некого, сам се затвора и се бојкотира. Некои луѓе можеби и не ја сфаќаат улогата на медиумите, подобро им е да се притајат за да спечалат нешто ситно. Можеби некои зборови не му се допаѓаат некому, ама веднаш е контратезата дека одговорните нешто накриво сработиле. Подобро е да се укаже не време, отколку, како што вели еден претседател на една федерација, да маткаат нешто за ситен интерес, а тој да се прави дека не го гледа тоа.
Затоа драги картисти, некој ве осуди да бидете лишени од информации, а уште повеќе оние кои вложуваат во Вас, и во клубовите и во репрезентацијата – Родителите. Не може секој родител и секој фан на карате спортот да отиде на турнир во Струга, Скопје, Кичево или кое било друго место, а во странство уште помалку. Цркнал лаптопот па не можеле да се испорачаат резултатите. Еднаш може да се случи, ама да се повтори, некако ми личи на еден сиситем за кого скаме да кажеме дека е „болшевички режим“. Некој забранува да се пласираат резултати до јавноста, забранува да комуницираат спортистите меѓу себе, забранува да имаат добри манири, туку да го извадат и дрското од себе. И тоа од кого не се надеваш ниту во сон дека такво нешто може да направи.
Верувајте, на медиумот и на новинарот лично не и требаат резултати, предони рокови и слично. Тие и требаат на публиката, на каратистите, на тренерите, на заинтерсираните личности и институции, на фирмите. Сите скаат да имаат нешто опипливо пред себе, никој не сака да слуша прикаски.
Затоа прашувам кој ќе им се извини на родителите, на публиката, на јавноста, на организаторите на турнирите во Струга и Скопје, а можеби и во Тетово.
Од друга страна, Федерациите се институции од јавен карактер, така што имаат должност кон јавноста за информирање.
И, на крајот, дали вака се стигнува до големите? Сигурно, не!
Ipon.mk/В. Д.