Кога Македонија имаше Карате лига: Владимир Апостолов најдбар каратист во Лигата

Кога Македонија имаше Карате лига имаше голема посетеност и големо ривалство меѓу клубовите, а беше значајна и поради тоа што многу каратисти како да беа создадени за ваков тип на натпреварување. На крајот на Лигата се бираше и најдобриот каратист.

Поведени од еден новинарски напис го спомнуваме моментот Првата македонска лига. Можеби е време поврторно да се размсили за активирање на лига-системот, така што повеќе клубови би држеле сениори.

Конкретниот новинарски текст се однесува за шампионската титула на КК Цветан Димов од Скопје кој во 1995 година триумфира, а Владимир-Владо Апостолов е прогласен за најдобар каратист во Лигата.

Всушнотс, ова е највредниот резултат во Лигата на Цветан Димова и е во состав: Елвир Куртановиќ, Владо Апостолов, Горан Мијовски, Бошко Заборски, Игор Лазарев, Ордан Димоски и Тихомир Јотевски. (Малку е збунувачки текстот во однос на составот, но во текот на денот ќе се обидеме да ги провериме податоците).

Македонската карате лига почна во 1976 година, а згасна во 2010 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО