Коди Гарбрант се враќа во кафезот.
Поранешниот шампион на УФЦ во бантам категорија ќе се соочи со Мајлс Џонс. Тие ќе го делат кафезот на УФЦ Фајт најт 246 на 12 октомври. Локацијата е УФЦ Институтот во Лас Вегас.
Гарбранд има скор од 14-6 во ММА. Во последната борба загуби од Дејвисон Фигуередо на УФЦ 300 во април оваа година. Овој пораз ја прекина неговата серија од 2 последователни победи. Коди има добиено 11 од неговите борби со нокаут и има изгубено 5 пати со завршница. Гарбранд победи на 3 од последните 9 борби под знамето на УФЦ.
Џонс има скор од 15-2-1 во ММА и е во победничка серија од 3 борби. Во последната борба го победи Даглас Силва де Андраде во средината на јуни оваа година. Мајлс заврши 6 од борбите, а 2 порази се со завршница. Џонс загуби само една од последните 7 борби во УФЦ. Тој е поранешен шампион на ЛФА.
🚨🚨Bantamweight Banger🚨🚨
Former bantamweight champion Cody Garbrandt returns on October 12th. He takes on Miles Johns.
Event targeted for UFC APEX in Las Vegas. pic.twitter.com/h2Ifs86tc9
— Marcel Dorff 🇳🇱🇮🇩 (@BigMarcel24) July 18, 2024