Конор е подготвен да се бори со Хабиб во Русија и да се подговува во Сибир

Конор Мек Грегор е подготвен да се бори со Хабиб Нурмагомедов во Русија. Ова го изјави тренерот на ирската ММА ѕвезда Овен Роуди.

„Веднаш по дуелот со Флојд Мејведер – Јуниор Конор ми рече дека е подготвен да се бори со Хабиб во Русија – потврди тренерот.

„Ќе го направиме тоа како во Роки. Ќе одиме во Сибир и ќе тренирам во снегот“, беа зборовите на Конор. Смеа до солзи, но Конор беше сериозен. Тоа ќе биде прекрасна борба меѓу Мек Грегор и Нурмагомедов. Со задоволство би го гледал“, рече Роуди.

Тензијата меѓу Конор и Хабиб се интензивираше минатиот месец кога Ирецот го нападна автобусот со ММА борци. Внатре беше Нурмагомедов. Тој не страдаше од скршеното стакло, но мораше да биде задржан од чуварите, за да не излезе и да се бори со Мек Грегор и неговите луѓе.

https://youtu.be/FUHrUxrJ8Ew

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON