Потпишани се договори за борба на мексиканските боксери Сол Алварез (48-1-1, 34 КО) и Хулио Цезар Чавез Јуниор (50-2-1, 32 КО).
Борбата меѓу светски шампион во две тежински категории Канело и поранешениот ВБЦ шампион во средна категорија ќе се одржи на 6 мај во кечвејт на 74,6 килограми. Дополнително ќе биде објавени местото на борбата.
„Сакам да ве потсетам дека кога ќе се судрат двајца мексикански борци спектаклот е загарантиран и ве уверувам дека на 6 мај нема да биде поинаку за време на прославата на празникот Cinco de Mayo (на тој датум се одбележува мексиканската победа над француската армија во битката кај Пуебло во 1862 година. Во САД на тој датум е поврзан со прославата на мексиканско-американската култура – н.з.)“, изјави Канело.
„Cinco de Mayo и мексиканскиот Ден на независноста во септември се важни датуми за нас Мексиканците и очекувам голема ноќ за целиот спортски свет“.
„Оваа борба му ја посветувам на Мексико“, изјави Чавез Јуниор. „Јас ќе победам, но ќе победи и мојата земја, бидејќи ова е борба којаму треба на боксот“.
Алварез во последната борба во септември пред 51.000 гледачи во Далас го нокаутираше непоразениот Лиам Смит и ја освои титулата на WBO во средна категорија, Чавез последен пат во во акција беше на 10 декември, кога во Монтереј, Мексико, со едногласна одлука го порази Германецот Доминик Брич. Ова е борба се одржа на 76,2 килограми.
Канело ја испразни ВБЦ титулата во средна со избегнување на судир со Генадиј Головкин на 72,6 килограми, тврдејќи дека е премал за средна категорија, но меч со Чавез на 74,6 кг го прифати без проблеми.
„Боксот бараше борба која ги врати повремените фановите на овој спорт и Канело против Чавез Помладиот е токму оваа борба. Најголемата бокс ѕвезда во светот Канело ќе се бори не само со поранешниот светски шампион Хулио Цезар Чавез Јуниор, туку и со синот најголемата ѕвезда во историјата на мексиканските бокс. Додадете 98 победи и 66 нокаути меѓу овие две супер ѕвезди на датумот за Cinco de Mayo и имате битка која не смеете да ја пропуштите“, изјави шефот на Голден бој промоушнс, Оскар де ла Хоја.