Во петокот се одржа официјалното мерење за денешниот боксерски спектакал во Њујорк. Медисон Сквер Гарден ќе биде дом на мечот за светската титула во тешка категорија меѓу Владимир Кличко и Брајант Џенингс.
Украинецот на вагата застана значително потежок и имаше 109,6 клиограми, а Џенингс имаше околу 7 килограми помалку и тежеше „само“ 102,8 кг.
Поради временската разлика, пресметката Кличко и Џенингс , се очекува околу 05:00 во текот на ноќта од сабота спрема недела на 26 април.
Владимир во професионалната кариера има 63 победи, од кои 53 се нокаут и само три порази, додека Џенингс е без пораз и има скор 19-0.