Според информациите на Sport.ua, Владимир Кличко општофизичкиот камп ќе го парви во Задкарпатието пред најважната фаза од подготовките за реваншот со Тајсон Фјури, спарингот.
За база на овие подготовки го избрал спа комплексот Косино, лоциран на територијата на 200-годишна дабова шума, кој се простира на површина од 8 хектари. Штабот на Владимир избрал хотел со унгарското име „Иванско Бирток“, кој се наоѓа на територијата на комплексот. „Де лукс“ соба во хотелот чини меѓу 3.800 и 5.000 гривни на ден (во зависност од деновите на неделата).
На располагање на легендарниот украински боксер ќе му бидат седум базени, вклучувајќи и четири минерални, а исто така и две контрастни кади за нозе, кои ја подобруваат циркулацијата на крвта. Седум сауни, вклучувајќи билна, еуклиптова, унгарска, римска и турска, кои исто така ќе бидат во служба на поранешниот светски шампион. Според информација на весникот во хотелот специјално за Кличко за време на неговиот престој ќе биде инсталиран ринг. Се очекува тој да пристигне следната недела, а кампот ќе се одржи во строга тајност.
Комплексот пред неколку години беше лична фан зона на браќата Кличко, а меѓу локалните жители одамна се зборува дека Владимир е еден од неговите сопственици.