Светскиот шампион во супертешка категорија во бокс, Владимир Кличко, покажа на својата фејсбук страница со што се храни во текот на подготовките за натпреварот со Кубрат Пулев.
„Многу од вас ме прашуваат со што се хранам за време на подготовките. Еве ви го ручекот приготвен за мене од шефот на куварите Дејвид Вилијамс. Тој го нарекува „Шампионски ручек“.
Тој вклучува салата од органски зеленчук, потпечени бадеми, калинка, сушени боровинки, круши, диња, фета сирење. Сето тоа го прелевате со меден балсамик за обликување . Кон ова Дејвид додава и органско јагнешко месо на скара“, ја откри својата тајна светскиот шампон, пртиота ги посоветува своите фанови:„Секогаш јадете свежа и вистинска храна. За тренинзите е потребна многу енергија ! “