На вчерашната прес-конференција за мечот за светската титула во тешка категорија во Манчестер очекувано помина во знак на Тајсон Фјури.
„Кралот на Циганите“ го доведе до тоа Владимир Кличко да се откаже од пристојното разговарање и му порача да одебе.
„Д-р Стилхамер“, изјави дека се чувствува срамно, бидејќи со поразот му ја дал сцената на Фјури за да ги изнесува своите ставови.
Тој рече дека сака да победи во вториот меч, не само за себе туку и за народот … и подобар углед на светски шампион во тешка категорија“.
До заминувањето на брат му Виталиј во боксерска пензија, браќата меѓу себе ги држеа сите појаси. Но по поразот на Владимир појасите се раширија на сите страни – Фјури ги држи ВБА, ВБО и ИБО, ИБФ шампион е Ентони Џошуа, а Дионтеј Вајлдер на ВБЦ.
„Пред тоа беше јасно: еден шампион, едно презиме. Кога шефот не е во кујната појасите се губат – Фјури, Вајлдер, Џошуа. Кога шефот ќе си отиде стаорците танцуваат на масата. Сакам да покажам кој е шеф во кујната“.
„Сега има толку многу шампиони, но ова не го зборувам од непочитување спрема Ентони Џошуа, бидејќи отсекогаш сум негов фан. Тој има уште многу да учи, но полагам надеж во него. Поодбро ќе ја претставува тешката категорија од Тајсон Фјури“.