Легендарният украински боксер во тешка категорија, Владимир Кличко, му пуштил многу интересна смс-порака на новиот олимписки шампион во супертешка категорија (+ 91 кг), Тони Јока. Во неа поранешниот светски шампион за професионалци итро го повикува на средба Французинот.
„Здраво, шампиону, би сакал да се сретнеме, лично да дознаам какви се твоите гледишта за иднината, а ти да разбереш како работиме ние – напиша Кличко и додал: „Која е твојата програма во следните денови, недели“.
Уште многу други промотори се оближуваат за францускиот техничар, кој најави дека ќе помине во професионалци.