Владимир Кличко смета дека владеењето на Тајсон Фјури во тешка категорија ќе биде едно од најкратките во историјата.
Британецот ја освои титулата во ноември минатата година, откако во 12 рунди на поени го совлада долгогодишниот светски шампион. Реваншот е закажан за 9 јули во Манчестер.
„Загрижен сум што му го дадов подиумот за докажување на Фјури. Ќе го завршам неговото царување на 9 јули“, рече Кличко.