Кличко: Кога ќе го победам Џошуа ќе му помогнам да се врати (ВИДЕО)

klicko-i-dzosua-na-vembli

Ентони Џошуа и Владимир Кличко одржаа прес-конференција за борбата на Вембли на 29 април.

Во судирот на двајцата поранешни олимписки победници Британецот ја брани ИБФ титулата, а се борат испразнетите ВБА (супер) и ИБО титули.

Кличко и Џошуа заедно спарингуваа во 2014 година пред борбата на Украинецот со Кубрат Пулев, а на прес-конференцијата се однесуваа со почит еден спрема друг.

„Ентони отсекогаш била полн со почитување и цело време учеше, поставуваше на многу прашања. И понатаму учаи и тој процес ќе трае уште долго време. Добива на самодоверба, тренира користејќи современа технологија, а резултатите се гледаат. Има 27 години и е светски шампион. Како не би бил импресиониран од тоа? Го нарекуваме „помалиот брат“, но дури и со родедниот брат сум компететивен. И двајцата во риногот ќе биде во најдоброто издание“.

„Ова ми значи се. Ќе останам мирен пред бурата. Ова е многу посебна борба, посебен противник и посебна арена. Би рекол дека шансите се 50-50 со обѕир на нашата сила. Една годините се само број. Обајцата олимписки шампиони, двајцата ги држевме светски титули. Не знам кога уште еднаш ваква борба ќе се повтори во тешка категорија“.

„Ќе ви го опишам мојот сон во пет чекори. Првиот чекор е да стане трикратен светски првак. Се воздржував и се радувам што се вратаќам. Второ: Последици. Кога јас ќе победам ќе му помогнам да се врати“.

„За првиот чекор, се разбира, ми треба помош, така што ќе имаме спаринг партнери, и тоа моите директни конкуренти кои сакаат да ме нокаутираат. Трето: Веројатно и двајцата ќе бараме исти вид на спаринг партнери, затоа што сме со иста големина – со различна боја, но се остана исто. Четвртиот чекот: Се замислувам во средината на стадионот држејќи ги појасите во рацете, за сите навивачи. Се борев во арената во 1999 година и сите ми свиреа до петата рунда, а потоа почнаа да навиваат за мене. Тоа беше борба за европската титула (против Аксел Шулц, н.з.). Мојот сон е да ги држам тие појаси. Петиот и последен чекор: Јас сум опседнат со првиот чекор“.

„Да се бориш во Англија е нешто посебно. Публиката е поинаква. Чувствувам поврзаност со публиката. Никогаш не сум се борел на стадионот пред 90.000 луѓе. Ова е мека на нашиот спорт. Бокс настанал во Англија и чувствувам дека се враќам дома. Можеби ќе имам 41 година кога ќе дојде борба, но погледнете го Бернард Хопкинс“.

“Зад мене се истите луѓе како и во минатото. Тоа е вистински тим. Подготвките ќе се темелат на искуството“.

„Ласкам, а понатаму ќе му ласкам на Ентони Џошуа. Првиот пат кога го видов во 2012 година забележав дека овој човек оди по моите стапки. Без оглед на исходот на оваа борба, навистина верувам дека Ентони е исклучителен спортист и голема работа е што ќе се бориме и знам дека Емануел Стјуард би бил импресиониран од него“.

„Пауза од година и половина, дали е предолго, дали е тоа лошо? Чувствувам дека е добро. Мојата мотивација е до небото. Морам да се разбудам, поразот од Фјури беше повик за будење. Се сеќавам на зборовите на Емануел Стјуард: Владимир борбата по која ќе те паметат ќе треба да дојде. Беше во право. Ова е таа борба, за нас двајцата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON