Кличко го провоцира Џошуа: Му дозволив да ме победи…

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Владимир Кличко, се потсети на поразот од Ентони Џошуа, меч по кој стави крај на неговата богата кариера.

Пред точно три години од неговата проштална борба Украинецот објави фотографија на која се пошегува на сметка на Британецот.

„Пред три години, јас дозволив Ентони Џошуа да победи. Жал ми е за тоа мало дете. Се шегувам. Голем шампион, класичен боксер. И двајцата сме многу позрели од тој натпревар. Благодарам што нè поддржувавте“, напиша Кличко.

Кличко  за пораз не знаеше цели 11. години, до мечот со Фјури во 2015 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON