Владимир Кличко е со куп пофалби за непоразениот новозеландски боксер Џозеф Паркер, кој му помага при подговотките за дуелот со Брајан Џенингс за светските титули во тешка категорија. Следното искушение на Украинецот ќе биде на 25 април во Њујорк.
„Паркер е неверојатно талентиран. Гледам многу работи од мене во Џозеф. Не можам да кажам ништо негативно. Не знам како ќе се развива, но дефинитивно има потенцијал“, изјави Кличко.
Досега Новозеландецот има 13 победи (11 со нокаут) од 13 натпревари.
„Има одлични физички предиспозиции. Ми се допаѓа што околу мене имам слични боксери, кои се амбициозни да ја нападнат светската титула“, истакна Кличко. Подготовката на Кличко продолжуваат во Флорида.
https://youtu.be/cQ3gERg0t64