Владимир Кличко ги обнови тренинзите во рамките на подготовките за борбата со Тајсон Фјури на 28 ноември во Дизелдорф. Ова го соопшти лично тој на Инстаграм, каде што пушти фотографии од занимавањето.
„Се вратив во кампот и сум подготвен за работа. Фокусиран сум на ударите“, рече Кличко и се закани дека ќе ја исполни мисијата во мечот со Британецот.
Украинскиот боксер требаше да се бори со 206 сантиметри високиот гигант на 24 октомври во Дизелдорф, но средбата беше одложен поради повреда на Кличко на левиот прст.