Владимир Кличко и Тајсон Фјури ќе се борат пред полни трибини во Дизелдорф. Досега организаторите продале над 50.000 билети, а капацитетот на стадионот е 55 000 места. До средбата остануваат повеќе од пет недели, што значи дека во блиска иднина најверојатно и преостанатите карти ќе бидат разграбени.
Се очекува дека во Дизелдорф, за да го поддржат Фјури, ќе има импресивен „десант“ на Британци, за кои на стадионот за резервирани 7 сектори. Тоа се над 5000 места. Се разбира, на „Есприт арена“ ќе има и украински сектор.
Боксерската гала-вечер на 24 октомври ќе биде отворена со настапот на легендарниот британски рок музичар Род Стјуарт, а натпреварот помеѓу светскиот шампион Владимир Кличко и предизвикувачот Тајсон Фјури ќе биде емитуван во живо во 150 земји.
https://youtu.be/_KXiXkQloFA