Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Владимир Кличко, изјави дека претстојниот меч против Ентони Џошуа е најголемиот во неговата кариера.
Покрај тоа, Кличко нагласи дека Џошуа е негова „копија“.
„Средабата ќе биде одлична и за двајцата. Еден олимписки шампион против друг, една генерација против друга. Борбата за нас двајца ќе понуди многу прашања“, изјави Кличко за boxingscene.com.
„Тоа ќе биде најголемиот меч, најголемиот предизвик во мојата кариера. Џошуа до некаде е мое копија – димензиите му се исти, исто така и тој е светски шампион“, додаде Кличко.
Кличко и Џошуа ќе се борат на 29 април на „Вембли“, а се очекуваат 90.000 гледачи да ја следат средбата за титулите на ВБА и ИБО.
Кличко ќе наполни 41 година на денот на борбата, а не се борле поразот од Тајсон Фјури во ноември 2015-тата. Џошуа нема пораз во 18 меча, а само на двајца противници и овозможи да стигнат до седмата рунда.