Психолошките напади на Шенон Бригс очигледно се одразуваат врз светскиот шампион во бокс во тешка киатегорија Владимир Кличкко, јавува Novsport.com.
Пред некое време Украинецот беше турнат од штицата за сурфање. Инцидентот го направи Шенон Бригс, кој возеше моторен чамец и намерно направи големи бранови.
„Тој човек сосема одлепил“, рекол Кличко за „Билд“ и додал:„Тоа што го прави, веќе не е забавно. Стана опасен. Ги помина сите граници“.
Од пред неколку месеци Бригс не престанува да го провицира Кличко. Тој се закани, ќе присуствува и на мечот меѓу Кличко и Курбат Пулев (Бугарија) на 15 ноември во Хамбург, Германија.
Америкианецот присуствуваше и на претаходната средба на шампионот со Алекс Лиапај. Тогаш за малку ќе се степаа.