Класичен судир од тешка категорија ќе биде главниот настан на УФЦ 230 на 3 ноември во „Медисон сквер гарден”. Шампионот Даниел Кормиер (21-1) ќе ја брани титулата против Дерик Луис (21-5), кој добива оваа шанса по импресивната победа минатата недела со нокаут во последните 11 секунди против Александар Волков на УФЦ 229.
NYC, we have your MAIN EVENT!
The HW strap is on the line as 🏆🏆 @DC_MMA faces off against @TheBeast_UFC at #UFC230. pic.twitter.com/Ltvka3j4H6
— UFC (@ufc) October 9, 2018
Како што е познато, Кормиер, кој е шампион и во лесно-тешка категорија, во јули стана само вториот борец во историјата на УФЦ со појаси во две категории (првиот е Конор Мек Грегор – лесна и перо) кога го нокаутира Стипе Миочиќ во првата рунда. Кормиер има 14 победи во 14 натпревари во тешка категорија и тоа ќе биде негова прва одбрана на појасот во оваа категорија, а противникот му е повеќе од импресивен – девет победи во последните десет меча, а ги нокаутира Френсис Нгану, Тревис Браун, Шамил Абдурахимов , Рој Нелсон и горенаведениот Волков.
A lot can change in 4 months ..#UFC230 pic.twitter.com/JLp5mga68c
— UFC (@ufc) October 9, 2018
Треба да се истакне и дека нема да ја видиме големата борба меѓу Нејт Дијаз и Дастин Пореер, бидејќи Поирер е повреден.