Клариса Шилдс заложува 100 илјади долари дека ќе го победи Џејк Пол

Боксерската шампионка Клариса Шилдс не е обожавателка на Џејк Пол. Двократната олимписка златна медалистка е подготвена да се обложи на 100.000 долари во спаринг со Јутјуб ѕвездата. Шилдс и Пол разменија остри зборови во последните месеци.

Клариса во живо ја следеше борбата меѓу Џејк Пол и Тајрон Вудли во август. Џејк победи со одлука, но Шилдс не се согласи, мислеше дека Вудли требаше да победи. Неодамна Клариса ја загуби ММА борбата за ПФЛ и Пол не заборави да се исмејува со неа.

Ова очигледно ја налутило, а таа му ја упатила следната понуда:

„Џејк Пол нема ни да се согласи да дојде и да се спарингува со мене. Ставив 100.000 долари на маса. А кој и да победи на спаринг може да си замине со парите. Џејк Пол не би ризикувал. Никој од неговиот тим не би му рекол да ризикува, бидејќи знаат дека не може ништо да ми направи.

И покрај сите мои постигнувања, го имав овој пораз во ММА со поделена одлука, а Пол рече: „Аманда Серано е подобра, таа е ова и она“. Пол дури нема никакво постигнување за да го спомне моето име. Никогаш не бил на Олимпијада.

Кога станува збор за реалниот свет на боксот, Џејк Пол никогаш нема да биде светски шампион. Тој едноставно може да продолжи да ги избира своите противници. Не би се осмелил да влезеш во ринг со мене, а камоли да спарингуваш. Овој фраер е патетичен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON