Деновиве на интернет кружи видео од спаринг меч меѓу една од најдобрите боксерки на сите времиња Клариса Шилдс и Артур Ахметовс, малку познатиот боксер од Латвија.
На видеото се гледа како Ахметовс удри со лево кроше и ја собори Американката. Претпоставувам дека и беше јасно дека не може да боксира против машки борци.
Станува збор за видео од 2018 година што некој го објавил, а Клариса почнала да се брани на социјалните мрежи, тврдејќи дека Артурс ја извадил подлогата од ракавиците за да и наштети.
„Во 2018 година можев да излезам во јавноста со приказната за тоа како еден професионален боксер и неговиот тренер ја извадија поставата од ракавиците затоа што претходно го засрамив. И да го направев тоа, ќе ми го загрозеше мечот за светската титула“, напиша светската шампионка Клариса Шилдс и додаде:
„За 17 години никој никогаш не ме нокаутирал. Бев соборена двапати таа недела. Не се срамам од тоа. Но, боксер кој ја вади поставата од ракавиците е клошар“.
Video of Arturs Ahmetovs knocking down Claressa Shields in sparring
👀#Boxing
🥊🥊🎥: Arturs Ahmetovs on IG https://t.co/g2RZXNi7W7 pic.twitter.com/K6YVHfELrg
— Danny (@dantheboxingman) December 11, 2023