Неодамна боксерската шампионка Клариса Шилдс повторно се најде на насловните страници со своите изјави. Таа прво рече дека ќе ја претепа Крис Сајборг на улица, но нема да прифати ММА борба со неа бидејќи „и помагаат правилата“, а исто така рече дека мисли дека може да го претепа и Џејк Пол.
Изгледа дека Шилдс има одредена фиксација на Јутјуберот бидејќи вчера повторно го предизвикала Пол на меч и секако, таа му упатила нови закани дека ќе го победи. Нешто слично кажа и пред некој ден, а вчера ја повтори прозивката:
„Не знам дали тоа е нешто што воопшто би можело да се случи, но знам дека можам да го победам. Луѓето кои се против тоа се едноставно сексисти и немаат поим од бокс. Искрено, многу миу е чудно што луѓето мислат дека јутјубер може да победи боксер кој има два златни олимписки медали, неколку светски титули и кој се борел во тешка категорија“, рече Шилдс во интервју за УСА Тудеј.
„Тој едноставно го нема тоа искуство. Зборува само за сила. Можете да имате сила каква што сакате, но мора да имате добри вештини за да го погодите ударот. Џејк Пол не покажа напредок. Девојката со која се борам сега мислам и дека може да го победи Џејк Пол“, додаде таа.
Што воопшто може да се каже за вакви изјави? Изгледа дека Шилдс постојано размислува за Џејк Пол, кој, патем, никогаш не ја спомнува, па не е сосема јасно зошто толку многу и пречи. Свесна е дека никој нема да организира меч меѓу маж и жена, но тоа не е „сексистички“ како што таа го нарекува, туку чисто здрав разум.