Карате клубот Фати (Гостивар-Тетово) се враќа со два златни, еден сребрен и два бронзени медали од меѓународниот турнир „Призрен опен 2015“ во Косово.
Залтни медали освоија јуниорот Доан Османи во категоријата до 76 килограми и кадетката Вјолца Гафури (- 54 кг). Османи оставри три победи едно по друго со резултати: 6-0, 8-0 и 3-1. Исто така и Гафури забележа три победи: 5-1, 4-0 и 3-1.
Со сребрен медал од Призрен се врати Букурије Селими, која во категоиријата до 43 килогарми за деца од 12-13 години имаше две победи и еден пораз. Браќата Дагин и Армин Фејзули освоија бронзени медали.
На „Призрен опен 2015“ учествуваа 300 натпреварувачи од четири земји.
ipon.mk/В.Д.