Кирсти Ковентри е првата жена претседател на ИОК

Министерката за спорт на Зимбабве, Кирсти Ковентри е избрана за нов претседател на Интернационалниот олимписки комитет на Конгресот што се одржа во Коста Наварино, Грција.

Поранешната пливачка, која има освоено вкупно седум олимписки медали од кои два златни, ќе го наследи Томас Бах, кој ја водеше најмоќната спортска организација од 2013 година.

Ковентри со само 41-година, освен што е првата жена претседател, таа е воедно и најмладата во историјата на ИОК, но и првата Африканка што ја преземала функцијата.

Таа доби 49 гласови од вкупно 97 во првата рунда, втор во изборот завршу Хуан Антонио Самаранч Јуниор со 28 гласови, додека претседателот на Светската атлетика, лорд Себастијан Коу доби само осум гласови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON