Кинг Мо се збогува од октагонот со пораз (ВИДЕО)

Белатор 233 требаше да биде во знакот на Мухамед Лоуел, затоа што ја имаше последната броба во кариерата, но легендата Кинг Мо се посрамоти на збогувањето.

Кинг Мо (38) во последната борба во Оклахома, се соочи со малку познатиот Ендру Капел (34) и се чинеше дека сѐ оди во прилог за 22-та победа на Лоуел.

Но, некогашниот првак уште од почетокот на борбата не беше на своето вообичаено ниво. Борба заврши по за 82 секунди.

Кога Кинг Мо се обиде со неговиот карактеристичен разорен удар со десна да го совлада Капел, овој го прочита, му се извлече на една нога и Мо падна на партер  – борбата беше експресно завршена.

Лоуел се пензионира со скор 21-10 и се смета за еден од најдобрите ММА борци кои никогаш не се бореле во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON