Кинг Мо: Сакаа да го сменат жребот, но јас навистина сакав да се борам со Кро Кап

Mirko i King Mo borba

Само две недели по борбата со Сатоши Ишијама во Даблин, Мухамед Лоуел – „Кинг Мо“замина за Јапонија да го замени Вондерлеј Силва и се пресмета со Мирко Филиповиќ во четвртфиналето на турнирот на Ризин. Кро Кап го запре Мо со технички нокаут, а на крајот победи на трката за Големата награда, но Американецот не беше жал што скокна во последен момент и се соочи со хрватскиот борец.

„Кога е време за борба, нема лаги, не постои оправдување, човеку“, рече Лоуел за ММА џанки радиото.

„Знаев вои што се впуштам. Решив да го направам тоа. Баш напротив, сакав да се борам само со Кро Кап. Мислам дека во еден момент сакаа повторно да извлекуваат парови (за турнирот), а јас мислев: „Не, сакам да се борам со Кро Кап”. Зошто да не? На овој начин заработувам и сакам да дојдам и да го нокаутирам. Сакав да го нокаутирам, но наместо тоа, тој ме среди мене“.

 Лоуел верува дека можел да победи, но направил огромна тактичка грешка.

„Месец и пол тренирав за Иши и работев на одбегнување на клинчот… Поминав многу време во одвојувањето од клинчот и тогаш кога се борев со Мирко го раскинав клинчот кога всушнотс требаше да одат во клинч. Тоа ми беше грешка. Требаше да се прилагодам на лице место. Јас сум професионалец, сега сум ветеран, така што требаше да го знам тоа.

И уште нешто, не знаев дека јажињата се толку цврсти. Затоа што кога одев на уривање на Кро Кап тој ќе ја искористеше силата да се одбие од јажињата и да ги стави рацете да ме подигне и да ме турне назад. Значи, тој беше паметен, имаше добра тактика, но јас требаше да победам“.

Но, Кинг Мо не жали за ништо и повторно би се пресметал со Кро Кап, бидејќи едноставно сака предизвици.

„По ѓаволите, утре би се борел со него… Ова е сон. Секој пат кога работите нешто во што уживате и згора на тоа ве плаќаат, тоа е сон. Тоа е американскиот сон. Така да, ако можам, би се борел со Кро Кап секој ден во неделата со Кро Кап. Јас сум борец, тоа ни е работа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON