Иако Конор Мек Грегор ја загуби борбата со Хабиб Нурмагомедов инстересот за него не стивнува, добил понуда за борба во Кина и тоа вредна пет милиони долари.
Тренерот на Конор, Џон Каванаг откри дека Ирецот има понуда од Кина во висина од пет милиони долари за да се бори со анонимен кинески кикбоксер, а мечот треба да трае само три рунди.
„Пред неколку дена добив интересна понуда и интересна порка од кинески кикбоксер. Нуди пет милиони долари за три рунди со Конор. Не е ова некаква шега, туку сериозна понуда. Секојдневно добивам многу смешни понуди, ама оваа е навистина сериозна. Го знам промоторот кој ова ќе го организира и тој е човек кој сериозно преговара“, вели Каванаг.
Мек Грегор последен пат се бореше со Нурмагомедов и по поразот доби едномесечна лекарска суспензија, поради сериозните повреди кои ги доби за време на борбата.