Кевин Фергусон, меѓу љубителите на боречките спортови познат како Кимбо Слајс, почина на 42-годишна возраст.
ТМЗ прва соопшти дека Фергусон бил примен во болница во близина на неговиот дом во Корал Спрингс, Флорида.
Били Корбен од ЕСПН ја потврди смртта на Кимбо Слајс на личниот профил на Твитер.
Од Американ топ тим каде што тренираше Фергусон, исто така му оддадоа почит на починатиот борец.
Во февруари Кимбо Слајс си ги одмери силите со Дафир Харис – Дада 500 на Блеатор 149, првично го доби дуелот со технички нокаут во третата рунда. Сепак, средбата беше поништена откако тој беше позитивен на допинг тестот за употреба на стероиди.
Кимбо Слајс беше особено популарен со видеото во кое тој се удира со голи раце со различни противници – нешто што му го отвори патот во професионалните синџири.
Во кариерата Кимбо Слајс има натпревари за некои од најголемите ММА организации, меѓу кои УФЦ, Белатор и Елите ХЦ. Официјалната негова статистика е 5 победи и 2 порази. Помеѓу 2011 и 2013 година забележа седум меча и како боксер, победувајќи во сите седум.