Кикбоксерот Бобан Илиоски и таеквондистката Милијана Рељиќ се спортисти на годината на Македонија

Кикбоксерот Бобан Илиоски е спортист на годината кој на Европското првенство во Атина, Грција, го освои златниот медал во лоу кик до 86 килограми, а спортистка на годината е таеквондистката Милјана Рељиќ која на Олимписките игри во Париз ја совлада двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија.

Илиоски втора година во низа е спортист на годината, а на говорницата најави дека ќе продолжи да брка успеси и во иднина. Признанието на кикбоксерот му го додели премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

„Чест и задоволство е што пак усм избран за најдобар спортист на Македонија. Сакам да се заблагодарам на сите кои несебично ме поддржуваат. Ветувам дека Македонија и кикбоксот ќе ги претставувам на најголемите сцени. Достојно ќе ја претставувам државата“, кратко прокоментира Илиоски.

Признанието на Рељиќ ѝ го додели министерот Борко Ристовски.

„За еден спортист нема подобар начин да се заврши годината. Благодарна сум за номинацијата, наградата не ми припаѓа само на мене туку и на моето семејство, тренерот Александар Ефтимов. Иако на ОИ не стигнавме до медал, покажавме дека можеме да се носиме со најдобрите, да победиме противничка која ни била идол. На следните ОИ одиме на медал и ништо помалку“, изјави Рељиќ.

Наградите свечено им беа доделени на манофестацијата „Спортист на годината 2024“ која вечерва се одржа во Националната опера и балет во Скопје под покровителство на Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.

– Денеска им оддаваме признание на најдобрите – спортистите кои со својата
посветеност, дисциплина и талент ги поставија највисоките стандарди. Секако, не
смееме да ги заборавиме ни тренерите, клубовите, федерациите и сите спортски
работници кои со години стојат зад нивните успеси. Денешниот настан е доказ
дека спортот ги руши сите бариери – политички, етнички и социјални – и ја
обединува нацијата. Во годинава што изминува, Македонија по две децении
конечно доби Министерството за спорт. Оваа институција треба да го издигне и да
го врати македонскиот спорт на местото што го заслужува. Спортот бара жртви, но
носи и многу радосни моменти како овој денеска. Бидете упорни и истрајни на тој
пат. Победувајте за себе и за Македонија! – порача министерот Борко Ристовски.

Претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски ги поздрави спортистите
и спортските работници и им се заблагодари што достојно ја претставуваат
Македонија во светот. Мицкоски изрази задоволство од она што е направено
досега по конституирањето на новото Министерство за спорт и истакна дека
спортот ќе биде еден од главните приоритети на Владата
– Ќе дадеме се од себе заедно со вас спортистите и спортските работници во
иднина да ја направиме Македонија и македонските граѓани повторно горди на
вашите постигнувања. Прв пат по осамостојувањето формиравме Министерсво за
спорт, институција која ќе се грижи исклучиво за спортот и за спортистите. Со
министеротБорко Ристовски секојдневно сме во комуникација и секојдневно
разговараме што треба повеќе да се направи за вас спортистите да имате
можности да тренирате тука дома, да може да се надградувате и да можете што

подостоинствено да ја претставувате Македонија. После првите месеци од
конституирањето на оваа институција, можам да кажам дека навистина сум
задоволен од сето она што досега го направивме.Но, исто така ветувам дека
заедно со вас во периодот што следува ќе направиме уште повеќе – рече
Мицкоски.

Добитници по категории:
Спортист на годината: Бобан Илиоски (кикбокс)
Спортистка на годината: Милијана Рељиќ (таеквондо)
Најуспешен млад спортист: Силвио Мировски (кикбокс)
Најуспешна млада спортистка: Ива Младеновска (ракомет)
Најуспешен женски национален тим: Ракометна репрезентација на Македонија –
сениорки
Најуспешен машки национален тим: Ракометна репезентација на Македонија –
сениори
Најуспешен тренер/селектор: Кирил Лазаров (ракомет)

Најуспешна национална спортска федерација: Македонска таеквондо федерација
Најуспешен спортист со инвалидитет: Оливера Наковска Бикова (стрелаштво)
Најуспешна спортска екипа од Универзитетите: Машкиот кошаркарски тим на
Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје
Најуспешен училишен спортски клуб од средните училишта: СОУ „Јане Сандански“
– Струмица
Најуспешен училишен спортски клуб од основните училишта: ООУ „Ѓорѓија
Пулевски“ – Скопје
На годинашното јубилејно 70-то издание на изборот „Спортист на годината 2024“
беа доделени и две специјални признанија за истакнати резултати и посебен
придонес во промоцијата на македонскиот спорт.
Истакнатите македонски ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија
плакета како достојни претставници на Македонија на меѓународна сцена, на
Олимписки игри, европски и светски првенства и клупските ракометни
натпреварувања од највисок ранг.
Европскиот вицешампион од Европското таеквондо првенство за кадети, Теодор
Стојановски доби плакета како откритие на годината млад спортист – кадет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО