На Европското првенство во кик бокс за дисциплините лајт контакт, кик лајт, поинт фајт и музичи форми во Марибор, Словенија, од 18 до 25 ноември боите на нашата репрезентација ќе ги бранат: Ненад Манојловски, Димитар Георгиев, Милан Кобин и Кристина Стојчевска. Тие ќе се натпреваруваат во дисциплината кик лајт.
На ЕП во Марибор ќе патува и меѓународниот судија Љупчо Стојчевски, кој е меѓу топ 10 судиите во светот.
Како на ЕП во Шпанија што атакувавме на медал, така и во Словенија нашите кикбоксери ќе се борат за највисок пласман. Адут повеќе во тие очекувања е што на Димитар Георгиев, светскиот првак, ова му е вистинската дисциплина. И останатите натпреварувачи се подготвени да го дадат својот максимум за еден од медалите.
ipon.mk/В.Д.