Македонските кикбоксери успешно ги минаа мерењето и медицинските прегледи на Светското првенство за кадети и јуниори во Будимпешта, а Марија Димовска ја помина антидопинг контролата, која беше изберена по случаен избор.
Македонија на СП настапува со четири кикбоксери: Марија Димовска во лоу кик (-60 кг) за млади јуниори, Силвио Мировски (лоу кик, -71 кг, постари јуниори), Максим Митровски (К1, -71 кг, постари јуниори) и Лука Змејкоски (лоу кик, +81 кг, помлади јуниори).
На СП кое почна вчера и ќе трае до 1 септември учествуваат 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од целиот свет, односно 68 држави.
Најмногу претставници ќе имаат Полјаците – 202, а домаќините од Унгарија 200 кикбоксери.