Кикбоксерите се враќаат со 34 медали од „Белград трофеј“, Шампион најтрофеен македонски клуб

Македонија го заврши Меѓународниот кик бокс турнир „Белград трофеј“ со 34 медали – 9 златни, 8 сребрени и 17 бронзени.

Македонија е втора по бројот на освоени медали, прва е Србија со 107 медали (41-39-27), а трета е Босна и Херцеговина 9 (1-3-5).

Во синоќешните финални борби нашите кикбоксери освоија еден златен медал и два сребрени. Златото и припадна на Марија Димовска, а сребрата на Александар Нашев и Максим Димитровски.

Дарко Нумановиќ (Енерџи) е прогласен за најдобар јуниор на татами кој натсапуваше во дисциплината кик лајт.

„Како претседател и водач на Кик бокс маи таи федерацијата сум задоволен од сработеното на секој тренер. Можам да кажам дека на турнирите се гледа работата на нашите тренери. Исто така сум задоволен од целокупниот успех на репрезентацијата и од поединечниот на секој борец, и оние кои победија и кои изгубија. Сите покажаа одлична техничка подготвеност, храброст, пожртвуваност  и голема желба за победа, со што искрено сум фасциниран од  настапот и од напредокот на секој еден поединец, борец. Чест ми е што ја водам оваа федерација со вакви тренери и натпреварувачи“, изјави претседателот Дејан Митровски Урко.

На Трофејот учествуваа 198 кикбоксери со 216 натпреварувачки влезови од 41 клуб од 5 држави – Македонија, Србија, Хравтска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Резултати прв ден.

Втор ден претпладневен дел.

Резултати – Белград трофеј:

Кик лајт

Јуниори
-74 кг
Дарко Нумановиќ – Давид Сиваков 3-0 ½ финале-бронза
Финале
Дарко Нумановиќ – Милутин Недељковиќ (Србија) 1-1 злато

Сениори
-50 кг Леа Бошевска (Самурај) – златен

 Лоу кик

Млади јуниори
-60 кг
Финале
Марија Димовска – Јована Дамјановиќ (Србија) 3-0 злато

-60 кг
Калин Бабоски – Никола Маринковиќ (Србија) 3-0
Калин Бабоски – Урош Мимиќ (БиХ) 3-0
Финале
Калин Бабоски – Вук Нешиќ (Србија) 1-0 – злато

-67 кг
Дион Садику – Никола Ѓуриќ (Србија) 2-1
Полуфинале
Дион Садику – Огњен Јанковиќ (Србија) 0-3 бронза

-75 кг
Финале
Лука Савовски – Јован Ристиќ (Србија) 3-0 злато

-81 кг
Полуфинале
Антонио Трендов – Матеја Стојановиќ (Србија) 0-3 сребро

Постари јуниори
-63,5 кг
Финале
Дамјан Гигов – Дамјан Николиќ (Србија) 3-0 златен

75 кг
Полуфинале
Максим Митровски – Лука Елек (Србија) 3-0
Финале
Максим Митровски – Марко Павловиќ (Србија) 0-3 сребро

-86 кг
Финале
Александар Нашев – Павле Николиќ (Србија) 0-3 сребро

-86 кг
Полуфинале
Халдун Ахмед – Павле Николиќ (Србија) 0-3 бронза

Сениори
-67 кг
Полуфинале
Роберт Костовски – Велибор Јакшиќ (Србија) 0-3 бронза

-71 кг
Финале
Столе Митев – Радан Ќирковиќ (Србија) 0-3 сребро

Освоени медали по клубови според официјалната статистика:

Шампион 9 (3-2-4)
Работнички Адора 5 (2-2-1)
Енерџи 4 (2-0-2)/ 6 (3-0-3)
Предатор 5 (1-2-2)
Самурај 5 (1-1-3)
Гладијатор фајт 2 (0-1-1)
Комбат 2 (0-0-2)
Гладијатор-Неготино 1 (0-0-1)
Ен-ка 1 (0-0-1)

Во официјалната статистика не се забележани резултати, а кои ги има по категории, затоа нивниот биланс на медали е поголем, односно 6 – 3 златни и 3 борнзени. Се надеваме организаторот ќе ја попорави грешката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON