Кикбоксерите по успехот на Европското првенство имаа прием во МОК и АМС (ФОТО)

Европскиот шампион и носителот на бронзениот медал од ЕП во Братислава – Словачка, Димитар Ѓоргиев и Бобан Илиоски, со селекторот Дејан Митровски – Урко и тренерот на репрезентацијата Драган Атанасовски и репрезентативката Викторија Варадинова која освои го освои бронзениот медал на Светското првенство за кадети и јуниори на ВАКО во Лидо Диесело, Италија, пред еден месец, имаа прием во Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Агенцијата за млади и спорт (АМС).

Приемот е и по повод сребрениот медал на Бобан Илиоски (-81 кг, Б класа) на Светското мај тај првенство во Канкун, Мексико, и бронзата на Димитар Ѓоргиев (Б класа), кое се одржа во мај.

„Со првите луѓе на Македонскиот олимписки комитет и Агенција за млади и спорт, Васил Тпурковски и Дарко Каевски, разговаравме околу резултатите и борбите на овие шампионати. Им се заблагодаривме за поддршката и помошта што ни ја даваата, а таа соработка ќе продолжи“, вели претседателот и селектор на Кик бокс мај тај федрацијата на Македонија, Дејан Митровски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON