Кикбоксерите освоија 117 медали на Балкан бест фајтерс – Македонија е најдобра екипа (ФОТО)

Кикбоксерите освоија 117 медали – 32 златни, 34 сребрени и 51 бронзен на Меѓународниот турнир Балкан бест фајтерс во Јагодина, Србија. Македонија е прогласена за најдобра екипа за ринг и за татами.

ВАКО Македонија со оставерниот резултат е најдобрата екипа.

Селекторот Дејан Митровски-Урко доби плакета за помош и организација на 8.Балкан бест фајтерс.

Македонија настапи со 191 кикбоксер, а има 211 натпреварувачки влезови.

Митровски е задоволен од резултатот, а уште погорд е што неговиот син Максим забележа убедлива победа 3-0 во лоу кик и противникот два пати го праќаше во нокдаун.

На Александар Коновалов, кој на последното Светско првенство во Португалија официјално се повлече од натпреварувањата, ВАКО му додели плакета.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON